Европејците живеат подолго, но се предебели и премногу пушат

Сподели со своите пријатели

Луѓето во Европа живеат подолго, се наведува во извештајот на Европската здравствена агенција, но и се предупредува дека напредокот го загрозуваат ризични фактори, како што се пушењето и се поголемата гојазност.

Европскиот здравствен извештај вели дека просечната очекувана должина на животот во 2015. година била 77,9 години, што е повеќе од 2010. година.

Но, постои јаз од повеќе од 11 годии помеѓу земјите со највисок и најнизок очекуван животен век.

Во Луксембруг просечниот живот трае 83,1 години, а во Молдавија 71,6.

Извештајот го објавува европската подружница на Светската здравствена организација, со седиште во Копенхаген, кој има 53 земји членки.

СЗО: Алармантни бројки за дебелината и употребата на цигари и алкохол во Европа

Loading...

– Пушењето, алкохолот и гојазноста се меѓу ризичните фактори поврзани со начинот на живот кој може да го поништи напредокот според шест клучни цели на СЗО прифатени во 2012. година, под иницијативата Здравје 2020, соопшува организацијата.

Меѓу целите е намалување на стапката за прерана смртност, зголемување на должината на животот и промовирање на универзалната достапност до здрава храна.

Извештајот вели дека Европа има најголем број пушачи меѓу шесте региони на СЗО.

Во 2013. година проценето е ека 29 отсто од луѓето над 15 години во Европа биле пушачи, се наведува во извештајот.

Пиењето алкохол меѓу возрасните исто така е најголемо во светот, се наведува во извештајот, додавајќи дека во 2014. година во просек биле испиени 8,5 литри чист алкохол по жител.

Повеќе од половина од жителите на Европа, скоро 59 отсто, се сметале за предебели во 2016. година.

Leave a Reply