СЗО: Алармантни бројки за дебелината и употребата на цигари и алкохол во Европа

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) оценува дека денес поради алармантниот степен на уживање во цигари и алкохол и дебелината, животниот век на следните генерации во Европа би можел да биде значајно пократок за разлика од денес.

Loading...

Европејците живеат подолго од било кога, но напредокот во поглед на очекуваната должина на животниот век и падот на степенот на прерана смрт би можеле да бидат поништени доколку не се отстранат трите значајни ризични фактори во нивниот начин на живеење – вели директорката на СЗО за Европа, Клаудија Стајн.

СЗО во најновиот извештај велат дека се уште постои „неприфатливо голема“ разлика во пчекуваниот животен век измеѓу земјите од европскиот континент и дека разликата меѓу најкраткиот и најдолгиот пчекуван животен век е 11 години.

Извештајот за здравствената состојба во Европа за 2015 година ги разгледува напредокот кон целите на СЗО – „Здравје, 2020“, опфаќа 39 земји, вклучувајќи ги и членките на ЕУ и поранешните советски републики.

Во истиот се наведува дека нивото на прерана смртност од болести како што е ракот, кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот и хроничните респираторни болести е во брзо опаѓање.

Меѓутоа, степенот на конзумирање алкохол и цигари како и дебелината се уште е алармантно висок и тоа би можело да значи дека напредокот нема да биде одржан, се наведува во извештајот.

Иако, степенот на уживање во цигари и алкохол во многу делови во светот е во опаѓање, Европејците се уште повеќе пушат и пијат за разлика од останатите. Според проценките на Светската здравствена организација, просечно се испиваат 11 литри алкохол по чилност на годишно ниво, додека 30% од населението се активни пушачи.

Во меѓувреме расте и процентот на дебелеење, при што 59% од населението во Европа има прекумерна телесна тежина или е подложно на дебелеење, со што  само малку заостанува зад Американците кои имаат највисок процент на дебелеење во светот.

Дебелеењето во многу европски земји е зголемено за три пати од 1980те години, шри што 21% од Европејците сега се дебели, се наведува во извештајот на СЗО.

Loading...

Просечниот очекувам животен век за жените и мажите се движи од 71 година во Белорусија, Молдавија и Русија до 82 во Франција, Италија и Шпанија, според податоците од 2011 година.

Но, сеуште постојат неприфатливи разлики во здравјето измеѓу европските земји кои треба да се отстранат.

Иако сморноста кај децата е на најниско ниво, разликата меѓу земјите со најниска спатка на смртност кај деца како што е Финска и највисоката како што е Киргистан се уште е огромна.

Овогодинешниот извештај на СЗО по прв пат во предвид го има земено задоволството од животот на очекуваниот животен век.

Земјите во кои, според анкетата на Галуп, процентот на задоволството од животот е на највисоко ниво се Данска, Финска Шведска и Швајцарија, каде населението всушност има и најдолг животен век.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.