Откритие кое ги шокираше и научниците: Пронајден фосил од џиновски лилјак

Loading...
Сподели со своите пријатели

На Нов Зеланд пронајдени се фосилни остатоци од џиновски лилјак кој на тие простори живеел пред повеќе милиони години, а кој е три пати поголем од својот сегашен потомок, и освен што летал, можел да оди по земјата на четири нозе и да копа во потрага по храна – растенија и ситни ‘рбетници.

Остатоците кои ги пронашол меѓународен тим научници припаѓаат на семејството лилјаци кои некогаш живееле во јужните делови на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Америка, а можеби и Антарктик, изјавила Сју Ханд од Универзитетот Нов Јужен Велс, авторка на студијата објавени во магазинот „Научни извештаи“ пренесуваат француските медиуми.

Забите на ова аживотно откриени се во близина на Сент Батан, во средиштето на Јужниот остров на Нов Зеланд, на локација на која истражувачите работат веќе 16 години.

 

 

– Нејзините специфични заби и големината на телото укажуваат дека имала поинаков режим на исхрана за разлика од денешните лилјаци, односно дека можела да јаде растенија, но и ситни ‘рбетници, што шовеќе потсетува на начинот на исхрана на некои од нејзините јужноамерикански роднини. Тоа се повеќе може да се види на просторите на Австралија и Азија, вели Ханд.

Животното е наречено Vulcanops jennyworthyae, според Џени Ворти – научничка која го пронашла нејзиниот фосил и Вулкан, римскиот бог на вулканите и огнот, што упатува и на тектонскиот карактер на Нов Зеланд.

– Оваа необично животно спаѓа во најчудните фосили кои некогаш се пронајдени, рекол Алан Тенисон, новозеландски член на тимот, кој го сочинуваат австралиски, британски и американски научници.

 

 

Како објаснува, овој нов вид на лилјак е сроден со краткоопашиот лилјак на Нов Зеланд, исчезнат австралиски вид и американските „вампири“, што зборува дека лилјаците кои некогаш живееле на копното биле пораспространети.

На истата новозеландска локација пронајдени се и два други вида на животни какви денес нема, како што се птици кои не летаат, жаби, папагали, голуби, желки и крокодили.