Најновите студии покажуваат дека луѓето во средните години се во најголем ризик да починат самоубиство, а експертите велат дека тој ризик е поголем кај припадничките на понежниот пол.
Исто така, тие објаснуваат дека средовечните луѓе, односно од 40 до 50 години, двојно почесто размислуваат за самоубиство во однос на лицата во триесетите или шеесетите години.
Резултатите се добиени низ истражувања и анкети за среќа, кои откриле дека луѓето најмалку се среќни кога се доближуваат до 50-от роденден.
– Самоубиствата помеѓу средовечните луѓе е најголемиот парадокс и грижа во човековата историја. Тоа е уште еден доказ за широкиот феномен кој се нарекува криза на средни години. Што е тоа што погрешно се случува кај луѓето во доцните четириесети години, кога би требало да бидат се уште здрави и на врвот на моќта и просперитетот? се прашува авторот на студијата, професор Ендру Освалд.
Тој се осврнува и на тврдењата на др. Елиор Жак, психоналитичар кој го дефинирал поимот криза на средни години.
– Жак верувал дека луѓето на средината на животот запонуваат да „предвидуваат“ смрт и да го проценуваат значењето на сопствениот живот. Веќе половина век, оваа идеја била на таргет на потсмев и скептицизам од страна на научниците. Но, можеби тука има нешто, вели Освалд.
Причината за зголемувањето на стапката на самоубиства во средни години не е позната, но експертите сега подлабоко влегуваат во истражувањата.
Експертите предупредуваат: Ако вашето дете се самоповредува, имате 12 месеци да му помогнете

