Како би можеле да изгледаат луѓето за 1.000 години? (видео)

Сподели со своите пријатели

Добри се шансите дека ќе бидеме повисоки за разлика од сега. Луѓето веќе и онака во последните 130 години имаат доживеано вистински скок во висината. Така во 1880 година просечен Американец бил висок 170 години, додека денес е 177 сантиметри, пишува „Science Alert“.

Како ќе изгледа животот во иднина? (видео)

Loading...

Соединување со роботи

Можеби и ќе се соединиме со роботите кои ќе го појачуваат нашиот слух, вид, здравје и уште многу други работи. Веќе и сега постојат слушни апарати кои можат да ви овозможат снимање на звуци, креирање на бела бучава па дури доаѓаат и со вграден телефон.

Друг пример се бионички очи кои помагаат на слепите да гледаат, се развиваат во Орегон. Меѓутоа, не е невозможно да се замисли како еден дена целата технологија би можела да се користи за да го видиме она што го сметаме за невидливо, како различните светлосни бранови, инфрацрвените или ултравиолетовите зраци.

Ќе дојде дек кога протетиката нема да биде само за лицата со инвалидитет.

http://kumanovskimuabeti.mk/kako-kje-izgledaat-gradovite-na-idninata/

Генетски промени

Меѓутоа, нема само нашиот надворешен изглед да се промени, туку и нашите гени ќе еволуираат на микроскопско ниво за да ни помагаат во преживувањето. На пример откриено е како група деца заразена со ХИВ во Јужна Африка живеат здрав живот. Се покажало дека имаат вродена заштита од ХИВ која спречува вирусот да напредува во СИДА.

А, со алатки за преуредување на гени како CISPR, можеби еден ден ќе бидеме во состојба да ги контролираме сопствените гени и ДНК до точка да можеме да се направиме имуни на одредени болести, па дури и на стареењето.

Еве како ќе изгледа светот во 2045 година според експертите (видео)

Ширење во вселената

За да ја пренасочиме човековата еволуција на друг пат треба дел од нас да се преселат на Марс, планета која добива 66% помалку сончева светлина од Земјата. Што значи дека луѓето на Марс би развиле поголеми зеници за да апсорбираат повеќе светлина. А, како гравитацијата таму е само  38% од онаа на Земјата, луѓетородену таму би можеле да бидат повисоки од било кога на Земјата.

Колкав ќе биде животниот век, каде ќе живееме, од што ќе добиваме струја? – прогнози за следните 100 години

Крајна цел

Меѓутоа, ниту преселувањето на Марс не би можело да ја поттикне најголемата промена во човековата еволуција која би можела да се случи во следните илјада години – БЕСМРТНОСТ.

Патот кон бесмртноста веројатно би можел да бара луѓето да ја внесат својата свест во машините. Моментално научници во Италија и Кина вршат трансплантации на глава на животни за да одредат дали може да се префрли свест од едно на друго тело. Тие тврдат дека тоа е следниот чекор – трансплантација на човекова глава.

Што и да се случи во следните 1.000 години без оглед дали ќе се споиме со компјутерите или ќе станеме роботи, едно нешто е сигурно, човековиот вид постојано се менува.