Еве како ќе изгледа светот во 2045 година според експертите (видео)

Сподели со своите пријатели

Второто продолжение од култниот филм „Враќање во иднината“ овие денови е доста популарна тема на интернетот, а статиите се преполни со бројни предвидувања поврзани со него. Меѓутоа, како тоа обично оди со филмовите кои ја прикажуваат иднината, предвидувањето прилично е неблагодарна работа, но тоа луѓето не ги спречува да се обидат.

Loading...

На крајот на краиштата, секогаш е забавно со години подоцна да се анализираат сите тие прогнози и да се види што вусшност се остварило, а што не. Баш затоа британскиот „Телеграф“ разговарал со неколку експерти и футуристи за да проверат што може да не очекува за 30 години и какви се нивните предвидувања за 2045 година.

Емоциите ќе ги купуваме на интернет

Споделувањето емоции ќе биде огромен хит во 2045 година. Методите како што е птогенетиката, ќе овозможат не само читање туку и запишување на информации во неуроните. Во овој момент пренесување на податоци многу е слабо и најдобро што може е да се постигне брзина од неколку битови во секунда, но до 2045 година би можело тоа драстично да се промени. Во иднината би постоел виртуелен пазар кој ќе тргува со високо квалитетни емоции и на кој може уметниците да си купат меланхолија, а актерите припремајќи се за следната претстава побараат емоции и сочувство.

Градовите ќе бидат изградени од живи материјали кои реагираат на околината

За 30 години високите градби од стакло и челик ќе делуваат како остатоци од некои минати времиња на ист оној начоин на кој денес се гледаат грдите бетонски згради од седумдесетите години на минатиот век. Во иднината не чекаат живи материи кои можеме полесно да ги обликуваме, адаптираме, но и одложиме.

Целосно новите синтетички облици на живот (или биолошки машини), направени од станици на бактерии и алги ќе се негуваат и развиваат сњпоред потребите на станарите. Тие организми ќе го вдишуваат загадениот возгух, прочиствуваат отпадните води и да ја кроистат сончевата светлина за да просиведат корисни хемикалии, енергија и топлина. Веќе денес лабалаториите за синтетички биологии ја разгледуваат опцијата што се природата нуди, но се работи на научно поле кое се уште е само теорија.

Ќе користиме наметки за невидливост

Loading...

Невидливоста одсекогаш била привлачна идеја. Научниците во текот на последните неколку децении заклучиле дека е можно да се осмисли нов вид на материјали кои би имале моќ да прават дифракција на светлината. Теоретски гледано, наметките од такви материјали фунцкионираат на принцип на закривување на електромагнетните бранови околу објектот кои сакаме да ги прекриеме па поради промена на електромагнетните бранови ќе го ивиде само она што се наоѓа зад објектот.

Засега им тргнало од рака да го направат тоа само во слулај за одредени бои или од одредени агли, а примените на таквото откритие скоро се бесокнечни, од забава па се до криење на грдите градилишта кои до завршувањето на работите ќе останат скриени од очите на јавноста.

Вештачката интелигенција ќе даде одговори на некои од најголемите прашања

До 2045 година, вештачката интелигенција нема да достигно ниво на човечка, но ќе имаме интелигентни алатки кои ќе ни помогнат. Нема човек кој е во состојба да прочита и дел од милион или милион научни трудови кои се достапни на интернет. Но, што ако тајната на лекот за рак се крие во една од тие трудови кои се објавени минатата година?

Вештачката интелигенција за 30 години ќе биде на такво ниво што ќе биде во состојба не само да ги чита туку и да ги разбира научните трудови и врз основа на прочитаното да донесува заклучови. Ќе помогне да ги пронајдеме одговорите на некои од најтешките научни прашања.

Луѓето постојано ќе се надоградуваат

Подобрувањето во вид на користење на разновидни протези ќе стане секојдневност. Егзоскелетот ќе виси покрај влезните врата за да можеме да го облечеме и да излеземе од куќата, но тој ќе не напарви побрзи, поснаодливи и ќе ја подобри нашата координација. Побогатите ќе имаат и подобар вид и слух, а вистинската комбинација на храна и лекови додатно ќе ги збогати перформансите.

Автомобилите без возачи ќе бидат само обични абтомобили

Loading...

Возењето во иднината би можело да стане само спорт за ентузијастите.

Зградите сами ќе произведуваат енергија

Оптимистички меѓу сите предвидувања за иднината е тоа дека загадувањето нема да биде проблем. Комбинацијата од разумот и стравот додатко ќе ја потикне грижата за околината и со време целосно светот ќе се сврти кон алтернативните извори на ернегија. На пример, соларните панели ќе бидат вградени во градежниот материјал.

Вашиот телефон, автомобил или дом ќе ги читаат вашите емоции и ќе ви се прилагодуваат

Во овој момент софтверите во уредите можат да не лоцираат, идентификуваат или да одгатнат што правиме, но тоа е скоро тоа. Следниот чекор ќе биде препознавањето ан емоциите. Тоа ќе се прави со помош на препознавање на изразот на лицето, говорот ан телото, пратење на виталните знаци и слично. На пример, доколку пишувате нешто на вашиот компјутер, тој врз основа на брзината на пишувањето ќе препознае дали сте под стрес и ќе заклучи дека можеби и не е време да го испратите тој мејл. Исто ќе прават и вашите автомобили кои ќе ве пчредупредат да не возите лути затоа што така ги загрозувате останатите па ќе ви предложат што треба да направите или ќе ја преземат контролата од вас. Секако, ова се работи кои можат да се искористат и во други намени.

Инсектите роботи ќе помагаат на земјоделците и војската

До 2045 година ќе имаме и роботи со големина на инсекти кои заедно со вистинските инсекти ќе летаат во рој. Можат да се искористат за опрашување, но и за воени цели. Роботите ќе можат да бидат опремени со камери и уреди за контрола на квалитетот на воздухот и да ги предупредат војниците од биолошки напади. Можат да бидат програмирани и за интеракција со вистински инсекти.

3D пица

Loading...

Можеби нема да имаме дехидрирана пица, но до 2045 година 3D принтерите ќе бидат во масовна употреба и во готвењето па во секој момент ќе можете да си испринтате пица или колачи. НАСА веќе експериментира со ваква храна за да се осигура за мисиите кои ќе доаѓаат.

Се ќе биде под надзор

Кога ќе се пробудите и влезете во тоалетот вашето огледало ќе го провери вашиот пул, четкичката чќе ја анализира вашата плунка, вагата вградена во подот ќе ја превери вашата тежина и салинитет на кожа, тоалетната школка вашата столица, а собраните податоци ќе бидат обработени и споредени со веќе собраните. На база на тие податоци компјутерот ќе ви препорача мени, да ја зголемите физичката активност или да одите на лекар.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.