28.07.2015 10:44

Како ќе изгледаат градовите на иднината?


Сигурно барем еднаш самите сте се запрашале како ќе изгледаат градовите на иднината, ако не друго барем кога сте гледале некој филм или серија од научна фантастика. Одговорот можеби ќе го дадат некои научници и футуролози.

Од почетокот ан 22 век градовите ќе преставуваат комплексна мрежа од луѓе и машини.

loading...

Дури и нашите организзми ќе бидат умрежени и унапредени со технологијата на иднината. Во продолжение на текстот можете да дознаете какво е мислењето на стручњаците за тоа како ќе изгледа човештвото за некои 100 години.

До 2100 година, 84% од популацијата (која до тогаш ќе брои околу 11 милијарди жители) ќе живее во градовите, се наведува во истражувањето на Обединетите Нации. Десетици нови мегаполиси (градови со над 10 милиони жители, кои моментално во светот се 28 на број) ќе ја прекриваат планетата, а земјите кои моментално се во развој ќе опфатат 89% од предвидениот раст.

Меѓутоа, во комбинација со климатските промени, овие мегаполиси нема да бидат места од соништата, какви што ги замислуваат футуристите и научната фантастика. Крајбрежните градови како што се Њујорк и Шангај, ќе мора да се прилагодат на подигнувањето на нивото на морето или ќе исчезнат. Исто така, ураганите, брановите, топлината и цунамите ќе бидат се почести.

Човект нема да биде единствениот жител на овие супер -градови. Имено, машините и роботите до тогаш ќе бидат интегрален дел од еко-системот. Според податоците на Циска, околу 50 милијарди машини кои веќе се проектирани ќе бидат поврзани со интернетот до 2020 година, со што на мрежата ќе бидат десет пати повеќе ентитети на вештачка интелигенција отколку луѓе.

Бројот на машините кои се онлајн до 2100 година веројатно ќе овозможат секој настан во границита на градот да биде забележен и испратен. Машините нема да бидат само екстерни објекти, туку ќе бидат како внатрешен дел од нас и опкружувањето, а луѓето ќе станат буквално поврзани со градот во кој живеат – објаснува Алесандро Вото, истражувач од институтот за иднина во Силиконската долина.

Благодарејќи ан вештачката интелифенција, координацијата на превозни средства и логистика низ мрежата дроновите и беспилотните летала до 2100 ќе бидат скоро во потполност назависни од луѓето.

Здравствени сензори ќе имаат вградено поголемиот дел од граѓаните во 22 век. Нашето тело ќе биде поврзано со здравсвените институции, а на било која болест или потенцијална опасност како што е на пример инфарктот ќе добиеме известување.

Оваа комплексна мрежа од интенција и влијание, ќе го прилагоди светот на своите потреби и потребата на своите разноразни учесници, ќе репрограмира материјали, машини и биолошки ситеми така да станат дел од нашиот секојдневен живот – објаснува Вото.

И покрај сите предности, нема сите да учествуваат во новиот интегриран живот, и многу ќе останат исклучени, од економски или некои други причини.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments