Собите во овој хотел се капсули кои ќе ве однесат до пуст остров

Сподели со своите пријатели

Новиот концепт на хотели ќе понуди можност за будење на пуст остров по испловување од тематскиот парк во Јапонија.

Дали некогаш сте се запрашале што ако се разбудите на пуст остров? Паркот „Хаус Тен Бош“ со низоземска тематика ќе изгради кружни капсули кои ќе пливаат нурнати во вода и ќе делуваат како хотели.

Паркот е сопственик на ненаселен остров со големина од 39 илјади четворни метри, а во близина на тематскиот парк во Нагасаки.

Секоја капсула ќе содржи две етази и ќе може да превезува четири лица, а ноќта на престој во овој едноставен хотел ќе чини измеѓу 260 и 350 американски долари, пишува британскиот „Експрес“.

Проектот се очекува да заживее до крајот на оваа година, а истите сопственици во 2015 година отвориле хотел во кој роботите ги чистат собите, но и работат на рецепција.

 

Loading...