Приведен 28-годишен кумановец, ја нападнал мајка си

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата мајка.

– На 25.05.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј. (28) од кумановско село, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури и до 30 степени