Основниот суд Куманово нареди остранување од домот на кумановец кој подолг временски период психички ја малтретирал својата снаа.
Во меѓувреме полицијата му поднесе и кривична пријава.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот.
– Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот Н.Л., исто така, ѝ упатил закани по животот, велат од полицијата.
По предлог на СВР Куманово, како што стои во соопштението, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена.
Никола Ивановски

