Повеќе делови од Куманово денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има на дел од улиците „Осоговска“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „11 Ноември“ (пред мостот за населбата Бедиње), како и дел од улицата „Боро Прцан“.
Во период од 08:45 до 14:45 часот прекини денеска ќе има на улицата „11 Ноември“ и населбата Бедиње.
Утре пак во период од 08:30 до 14:30 часот без напојвуање со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Ратко Митрковиќ“, „Михајло Пупин“; „Благоја Думановски“, „Ѓорче Петров“ и „Бранко Радичевиќ“.
Прекини ќе има и во текот на следната работна недела.
Во понеделник во период од 08:40 до 13:30 часот без струја ќе биде дел од населбата Карпош, поточно улицата „100“, стариот паланечки пат, месноста викана Бара, како и сите улици и објекти кои гравитираат кон улицата „100“.
Од 08:40 до 13:30 во понеделник во населбата Карпош без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“, Никуљски пат, месноста Бара, како и сите улици кои гравитираат кон улицата „1“.
Никола Ивановски

