Во сабота се отвора автопазарот во Којнаре

Сподели со своите пријатели

ЈП „Пазаришта“ – Куманово во сабота ќе го отвори првиот автопазар во регионот, кој се наоѓа во населбата Долно Којнаре.

Новиот автопазар ќе има капацитет од 200 до 300 возила, а според најавите ќе работи секоја сабота во период од 07:00 до 15:00 часот.

За потребите на пазарот е тампониран паркинг простор за околу 1.200 возила, со што, како што информираат надлежните, треба да се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на оваа локација.

Од ЈП „Пазаришта“ ги повикуваат сите заинтересирани сопственици на приватни возила кои сакаат да ги продаваат своите автомобили на новиот автопазар, како и граѓаните кои посетуваат ваков тип пазари, навреме да резервираат продажно место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 33-годишник од Куманово

Резервации може да се направат на телефонскиот број 070/935-739.

Никола Ивановски