Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 14:30 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „Боро Прцан“ кај училиштето „Толи Зордумис“.
Во истиот период без струја ќе остане и дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње.
Во период од 08:00 до 15:00 часот без електрична енеригија ќе остане селото Шупљи камен, односно корисниците од центарот на селото кон село Тромеѓа.
Никола Ивановски

