Куманово во петок ќе биде дел од еколошката акција „Генералка викенд“, која ќе се одржи на 8 мај со почеток во 10 часот на просторот пред градскиот базен, спортската сала и долниот дел на градскиот кеј.
Од Општина Куманово информираат дека акцијата е во организација на Одделението за животна средина, во соработка со Man and Mountain LLC од Австрија, а со поддршка на ЈП Чистота и зеленило Куманово.
Надлежните упатуваат повик до граѓански здруженија, невладини организации, основни и средни училишта, како и институции, да се приклучат и да дадат придонес за почиста и поздрава животна средина.
Еколошката акција „Генералка викенд“ годинава се организира по шести пат, а во неа, покрај Куманово, ќе се вклучат и повеќе општини од државата со заедничка цел – подигање на јавната свест за заштита на животната средина и создавање почисти јавни простори.
Никола Ивановски

