Дваесет и тригодишник од Куманово ќе се гони со две кривични пријави откако на последниот ден од 2025 година со нож нападнал полицаец.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(23), полициски службеник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „попречување на правдата”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 31.12.2025, при обидот да биде лишен од слобода поради оштетување на пневматици на патнички возила на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, Н.С. давал активен отпор и со нож повредил полициски службеник.
Никола Ивановски

