Фото изложба „Мајски салон 2026“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фото Кино Клуб Фото Кино Клуб Козјак и оваа година ја продолжува својата долгогодишна традиција со организирање на клупската изложба „Мајски салон 2026“, која ќе биде отворена на 7 мај во Занаетчискиот дом во Куманово, со почеток во 18 часот.

Изложбата ќе понуди богат избор на уметнички фотографии, преку кои посетителите ќе можат да видат различни моменти од секојдневието, емоции и реалноста преточени низ објективот на авторите. Од клубот велат дека фотографијата претставува уникатен начин на интерпретација на светот и уметност која има моќ да предизвика силни чувства кај публиката и да ги овековечи миговите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца кумановци учествувале во групна тепачка во Скопје

Според организаторите, изложените дела се доказ за сериозниот пристап и посветеноста на членовите кон фотографската уметност, но и потврда за интернационалното реноме што го гради клубот низ годините.

Во рамки на отворањето на „Мајски салон 2026“, ќе се одржи и свечено збратимување помеѓу Фото клуб Загреб и кумановскиот Фото Кино Клуб „Козјак“, со што дополнително ќе се зајакне меѓународната соработка меѓу двата клуба.

По официјалното отворање, програмата продолжува во НУЦК Трајко Прокопиев, каде во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Црно-бел Загреб“, поставка на уметничка фотографија од членовите на Фото клуб Загреб. Посетителите ќе имаат можност да погледнат внимателно селектирани фотографии од околу 50 автори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури и до 27 степени

Покровител на настанот е Општина Куманово, со поддршка од Фондација за култура и спорт Куманово и под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Од клубот најавуваат и уште еден традиционален настан – фестивалот на краток филм „Филмај 2026“, кој ќе се одржи кон крајот на месецот.