46 години од смртта на Јосип Броз Тито

Сподели со своите пријатели

Денеска се навршуваат 46 години од смртта на Јосип Броз Тито, долгогодишниот претседател на поранешна Југославија и една од највлијателните политички личности на 20 век.

Тито почина на 4 мај 1980 година во Љубљана, на 87-годишна возраст, по тешко и долго лекување. Неговата смрт тогаш предизвика огромна тага низ цела Југославија, а погребот во Белград остана запаметен како еден од најголемите државни погреби во тогашна Европа, со присуство на бројни светски државници.

Роден во 1892 година во Кумровец, Јосип Броз Тито беше водач на Народноослободителната борба за време на Втората светска војна и подоцна доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Под негово водство, земјата градеше специфичен политички и економски систем и имаше значајна улога на меѓународната сцена како еден од основачите на Движењето на неврзаните.

И по речиси половина век од неговата смрт, Јосип Броз Тито останува историска фигура чие политичко наследство и денес предизвикува бројни анализи, дебати и различни толкувања.