Општина Куманово доби признание за извонредно финансиско управување во рамки на завршниот настан од шестгодишната програма „ЕУ за Општините“, што се одржа во Национална опера и балет.

Станува збор за награда во областа на сопствени извори на приходи и финансиско управување – ознака за општинска извонредност (EUMEL – municipal excellence label), со која се потврдува успешното, транспарентно и одговорно управување со јавните финансии на локално ниво.

Признанието беше доделено на завршниот настан на програмата, на кој присуствуваа претставници на Делегација на Европската Унија во Македонија, претставници на Владата и градоначалници од Македонија, Албанија и Грција.
Од Општината посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со посветено и транспарентно управување со јавните финансии, преку јасно утврдени критериуми и одговорно финансиско работење, со цел обезбедување одржлив развој и унапредување на услугите за граѓаните.
Никола Ивановски

