Денеска на планините и снег. Температурата во опаѓање пред предолжениот викенд

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса времето денеска низ Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²).

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија има поголема слобода на медиумите од САД, историски пад во светот

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до засилен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Температурата во текот на денот ќе достигне само 10 степени целзиусови, а во текот на ноќта истата ќе се спушти на два степена над нулата.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за врнежи од дожд.

 

 

За утрешниот празник дождот ќе престане, но температурите нема да бидат во голем пораст.

Ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово вечерва го игра последниот меч сезонава

Температурата во утринските часови ќе се спушти околу вториот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 15 степени целзиусови.

 

 

Нешто повеќе сонце ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Утринската температура ќе се спушти до четвртиот степен, а максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.

 

 

Недела носи претежно сончево и за нијанса потопло време, но со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север, а температурата ќе се движи од минимални три до максимални 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец тешко повреден при работа во каменолом

 

 

Од понеделник ќе имаме сончево и многу топло време со температури над 20 степени целзиусови.

Никола Ивановски