Тројца кумановци натепале сопружници во деловен објект

Сподели со своите пријатели

Три лица од кумановско биле приведен вчера под сомнение дека физички нападнале сопружници во деловен објект.

– На 23.04.2026 година во 10:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода К.Р. (32), К.А. (29) и К.М. (60) од село Лопате, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие во деловен објект на улицата „Братство единство“ во Куманово физички го нападнале П.К. (46) вработен во фирмата и неговата сопруга К.К..

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово утре против Струга

Никола Ивановски