„Спорт да, дрога не“: Основци од Куманово се натпреваруваа во мал ракомет (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во ООУ „Вук Караџиќ“ во Куманово денеска се одржа турнир во мал ракомет за ученици од основните училишта под мотото „Спорт да, дрога не“, во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција.

 

 

Настанот имаше ревијален карактер, со цел младите преку спорт и дружење да изградат здрави навики и да го насочат своето слободно време кон физичка активност наместо кон пороци.

 

 

Како што истакна началникот на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, ваквите активности придонесуваат за поголема социјализација меѓу учениците и насочување на нивното слободно време кон спортот како здрав начин на живот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишник од Куманово со нож се заканувал на малолетник

 

 

На турнирот најуспешни беа учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ кои го освоија првото место, втори се учениците од ООУ „Христијан Карпош“, додека третото место им припадна на учениците од ООУ „Наим Фрашери“.

 

 

Инаку, ваквите спортско-едукативни манифестации се дел од поширокиот проект „Спорт да, дрога не“, кој СВР Куманово го реализира континуирано со години во соработка со училиштата и локалната самоуправа.

 

 

Проектот опфаќа турнири, трибини и работилници со цел да се промовира здрав начин на живот и да се намали ризикот од злоупотреба на дрога кај младите.

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во понеделник 9. седница на Советот на Општина Куманово

 

Никола Ивановски