42-годишна кумановка возела без дозвола, полицијата ја привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишна кумановка била приведена вчера откако полицијата констатирала дека вози без возачка дозвола.

– На 23.04.2026 година во 10:40 часот на улицата „Црнотравска“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.Љ. (42), од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција,при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувала и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат ЖРК Ѓорче Петров

Никола Ивановски