19-годишник од Куманово со нож се заканувал на малолетник

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека со остар предмет се заканувал на малолетник.

– На 23.04.2026 година во 20:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К. ( 19) од Куманово, затоа што на улицата „Благој Илиев Гуне“ со остар предмет се заканувал кон малолетник, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончево и топло, со северен ветер