Советот на Куманово ќе ја одржи својата деветта редовна седница на 27 април 2026 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во кружната сала во зградата поранешен Комитет.
Пред советниците на дневен ред ќе се најдат вкупно 30 точки.
Меѓу поважните прашања се предлог-одлуките поврзани со изменување и дополнување на статутите на повеќе образовни институции, меѓу кои и детската градинка „Ангел Шајче“, како и основните училишта „Толи Зордумис“, „Вук Караџиќ“ и „Браќа Рибар“ во Табановце.
Советниците ќе расправаат и за извештаите за реализација на програмите за спорт, култура и социјална заштита за 2025 година, како и за измените на развојните програми и планови за 2026 година, вклучително и програмата за уредување на градежно земјиште и одржување на комуналната инфраструктура.
На дневен ред се и неколку точки поврзани со сообраќајот, меѓу кои измените на одлуките за авто-такси превоз и линиски превоз на патници на територијата на општината.
Финансиските прашања заземаат значаен дел од агендата, при што ќе се разгледува кварталниот извештај за извршување на Буџетот заклучно со 31 март 2026 година, како и предлог-одлуки за измена и проширување на буџетот.
Седницата предвидува и повеќе кадровски решенија, односно разрешување и именување членови во управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и институции, меѓу кои ЈП „Водовод“, ЈП „Чистота и зеленило“, ЈП „Пазаришта“, ЈП „Куманово-Паркинг“, ЈП „Куманово-Гас“ и ЈП „Куманово-План“.
Дополнително, ќе се одлучува и за именување членови во органите на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“, како и за прифаќање на донации и давање под закуп на општински објекти преку електронско јавно наддавање.
Целосниот дневен ред може да го погледнете во продолжение:
1. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Jaвната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на Jaвната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
3. Предлог – Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општинско основно училиште „Вук Караџиќ“ – Куманово;
5. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Браќа Рибар“ с.Табановце – Куманово;
6. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2025 година со финансов извештај;
7. Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2025 година;
8. Информација за реализирани активности од Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2025 година;
9. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2026 година;
10. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2026 година;
11. Предлог -План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2026 година;
12. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за авто – такси превоз на патници во Општина Куманово;
13. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачје на Општина Куманово;
14. Предлог – Одлука за давање согласност за времена реализација на воспитно – образовниот процес за учениците од УОМО „Панче Пешев“ – Куманово во училишните простории на ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово;
15. Предлог- Одлука за прифаќање на донација;
16. Предлог – Одлука за прифаќање на донација;
17. Предлог – Одлука за давање согласност објект сопственост на Општина Куманово да се даде под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
18. Квартален извештај за извршување за извршување на Буџетот на Општина Куманово за првиот квартал заклучно со 31 март 2026 година;
19. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
20. Предлог – Одлука за проширување на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
21. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
22. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општински совет за превенција на детско престапништво;
23. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Водовод“- Куманово;
24. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„ Чистота и зеленило “- Куманово;
25. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Пазаришта“- Куманово;
26. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово – Паркинг“- Куманово;
27. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово – Гас“- Куманово;
28. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово – План“- Куманово;
29. Предлог – Одлука за именување на членови на Одборот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово “ – Куманово;
30. Предлог – Одлука за именување на членови на Одборот за надзор на Фондацијата за култура и спорт „ Куманово “– Куманово.
Никола Ивановски

