Безживотно тело на новинарка извлечено од урнатините: Убиена при израелски напад во Либан

Сподели со своите пријатели

Телото на либанската новинарка Амал Калил е пронајдено по израелскиот напад во јужен Либан во среда, изјави претставник на либанската армија.

Либанската цивилна одбрана објави дека спасувачите го пронашле телото на новинарката Амал Калил, која беше убиена во воздушен напад врз куќа во градот Ал-Тири, јавува Ал Џезира.

Новинарката Амал Калил, вработена во весникот „Ал Акбар“, се засолнила во куќа со својата колешка по првиот напад, но потоа објектот бил погоден во вториот напад, соопшти Министерството за здравство на Либан, според Скај њуз.

Спасувачките екипи подоцна успеале да ја извлечат нејзината колешка Зеинаб Фараџ жива, со повреди, по што таа била префрлена во болница каде што била оперирана, објавија локалните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бизарниот говор на Милеј во Израел: Ги поврза Маркс, Сатаната и уништувањето на светот (ВИДЕО)

Според Министерството, возило на либанскиот Црвен крст испратено да ги евакуира повредените било цел на шок-бомба и огнено оружје, што првично ги спречило спасувачите да стигнат до Калил.

Израел соопшти дека ги истражува инцидентите и негираше дека ги таргетирал спасувачките екипи.

Ал Џезира објави дека Израел убил пет новинари во Либан од почетокот на март.

Либанскиот министер за информации Пол Моркос го осуди убиството на либанската новинарка Амал Калил синоќа во израелски напад во јужен Либан како „грозоморно злосторство и грубо кршење на меѓународното хуманитарно право“.

„Таргетирањето новинари е грозоморно злосторство и грубо кршење на меѓународното хуманитарно право, пред кое нема да молчиме“, напиша тој на мрежата X, повикувајќи ги меѓународните организации да дејствуваат „за да го спречат тоа и да спречат нешто такво да се случи повторно“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бизарниот говор на Милеј во Израел: Ги поврза Маркс, Сатаната и уништувањето на светот (ВИДЕО)