Приведен кумановец кој психички и физички ја малтретирал партнерката

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека подолг период психички и физички ја малтретирал својата партнерка.

– На 21.04.2026 во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ј.(35) од кумановско, затоа што во повеќе наврати психички и физички ја малтретирал неговата поранешна 35-годишна партнерка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавени злоупотреби во Велосипедска федерација на Македонија