Приведен 25-годишник во Куманово кој возел „БМВ“ без дозвола

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник бил приведен ноќва во Куманово откако полицијата констатирала дека возел „БМВ“ без да има возачка дозвола.

– На 22.04.2026 година во 00:10 часот на ул.„11 ти Октомври“ Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р.(25) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вакцините ги штитат сите генерации – апел за поголем опфат на вакцијација во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски