Приведен кумановец кој возел „кавасаки“ без дозвола

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека управувал мотор без да поседува дозвола.

– На 20.04.2026 во 18:15 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.А.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијат,а при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Ангели

Никола Ивановски