Две возила паркирани на улицата „Никола Вапцаров“ во Куманово ноќва изгореле во пожар.
– На 21.04.2026 во 01:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Никола Вапцаров“ во Куманово настанал пожар во паркирани патнички возила „опел“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Е.Ф. од Куманово и „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.С., а дадено на користење на В.М.. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што информираат од Регионалнито центар за управување со кризи, во гаснењето на пожарот интервенирале петмина пожарникари од ТППЕ Куманово во период од 01:10 до 02:20 часот.
Нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

