Деветнаесетгодишник од Куманово се здобил со тешки повреди откако со својот мотор излетал од патот и удрил во метален столб.
– На 20.04.2026 околу 01:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“, плоштад „Маршал Тито“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, Х.З.(19) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во метален столб, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски

