Приведен сопственикот на ФК Башкими по инцидент на мечот со Струга

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишниот сопственик на Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово бил приведен по инцидент кој се случил по вчерашниот натпревар со Струга.

– На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Подоцна, како што додаваат од МВР; на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицијата затекнала 17 малолетници во центарот по полноќ, ги предала на родителите

– Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39), стои во соопштението.

Од МВР додаваа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски