Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови.
Утринската температура ќе биде во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.
Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал 16 до 23 степени.
Никола Ивановски

