Четириесет и шестгодишник од Куманово бил физички нападнат од две лица во локалитетот Гарнизон.
– На 18.04.2026 во 00:10 часот во СВР Куманово, Н.А.(46) од село Тромеѓа, кумановско, пријавил дека во локалитет „Гарнизон” во Куманово бил физички нападнат од А.А. и В.М., кои употребиле и тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

