Северна Кореја тестираше подобрени балистички ракети кои носат касетни боеви глави, објави државната новинска агенција KCNA.

Пет тактички балистички ракети земја-земја Хвасонгфо-11 ја погодија целната област оддалечена 136 километри, се вели во извештајот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше пробното лансирање со цел тестирање на карактеристиките и моќта на касетните бомби и мините за фрагментација што се користат во тактичка балистичка ракета.

Ким изрази задоволство од резултатите, велејќи дека развојот на различни боеви глави е ефикасен во зголемувањето на способноста на војската да изведува удари со висока густина.

Јапонија и Јужна Кореја вчера соопштија дека неколку балистички ракети со краток дострел биле истрелани од областа Синпо кон Јапонското Море, а јужнокорејската војска соопшти дека можеби биле лансирани од подморница.

Северна Кореја не е потписник на Конвенцијата за касетна муниција, која забранува секаква употреба, производство, пренос и складирање на оружје што расфрла муниција на широк простор.


