На повеќе од милион ученици од денеска им беше дозволено да се вратат во сите образовни институции во Обединетите Арапски Емирати, по неколкунеделни онлајн часови, поради геополитичките тензии предизвикани од војната меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран.
Повеќето ученици се враќаат на училиште по пауза од околу 50 дена, од 2 март, со безбедносни мерки, пренесува „Голф њуз“.
Помал број деца и млади во градинките, училиштата и универзитетите во ОАЕ ќе продолжат да посетуваат настава онлајн додека не се постигне постојан мир во американско-израелскиот конфликт со Иран.
ОАЕ беа цел на речиси секојдневни напади со беспилотни летала и ракетни напади од Иран од 2 март, сè додека не стапи на сила двонеделниот прекин на огнот на 8 април.
Campus buzz as students attend classes in Dubai school
Live updates: https://t.co/PPxYBvujWI pic.twitter.com/uSq5xJrq2D
— Gulf News (@gulf_news) April 20, 2026

