Неделна прогноза за Куманово: Еве кога доаѓа дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел „кавасаки“ без дозвола

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до вториот степен, а максималната ќе се искачи до 14 степени целзиусови.

Променливо облачно време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две возила изгореа во пожар во Куманово

 

 

И петок носи променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од север. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а дневниот максимум ќе достигне 17 степени целзиусови.

Сончево и топло време ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степен, а дневниот максимум ќе достигне 19 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево и релативно топло време со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 22 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КК „Башкими 2002“ од Куманово трет во Македонија со осум медали на Државното првенство

Слично време ќе се заржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски