КК „Башкими 2002“ од Куманово трет во Македонија со осум медали на Државното првенство

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Башкими 2002“ од Куманово оствари значаен успех на Државното првенство за деца на возраст од 10 до 13 години, освојувајќи вкупно осум медали и високо трето место во генералниот пласман.

Во конкуренција на 56 клубови од целата држава, кумановскиот клуб настапи со 10 натпреварувачи и успеа да освои пет златни, еден сребрен и два бронзени медали.

Со злато се закитија Јона Мисини, Убејд Мемиши, Олтион Азири, Сара Муадини и Ајан Муареми, додека Ерза Реџепи освои сребрен медал.

Бронзени одличја освоија Јара Сулејмани и Ерблин Демири.

Без медал овојпат останаа Туана Мустафи и Ерлета Мисини, кои сепак прикажаа солидни настапи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел „кавасаки“ без дозвола

Со овие резултати, Карате клуб „Башкими 2002“ го потврди својот квалитет и се пласираше на третото место во генералниот пласман, што претставува голем успех во силна конкуренција.

Следен предизвик за младите каратисти ќе биде Балканското првенство во Истанбул, како и Светскиот куп во Пореч, каде ќе имаат можност повторно да ги покажат своите вештини на меѓународна сцена.

Тренерот проф. Мурсел Мисини изрази задоволство од постигнатите резултати и најави уште посилни настапи во претстојниот период.

Никола Ивановски