Властите во Дубаи приведуваат странци: Испраќале слики до семејствата по нападот

Сподели со своите пријатели

Уште тројца странски државјани беа уапсени од властите во Дубаи затоа што, по иранскиот напад, споделиле фотографии со своите семејства за да ги известат дека се живи по експлозијата.

Ова го објави организацијата за поддршка на жртвите Притворени во Дубаи, која обезбедува правна поддршка на странски државјани во Обединетите Арапски Емирати, позната по своите екстремно рестриктивни закони.

Организацијата наведува дека жителите биле во своите домови во времето на нападот со беспилотно летало, а потоа фотографирале од штетата и ги испратиле сликите приватно до семејствата.

„Наместо да добијат поддршка како жртви на нападот, жителите беа приведени од полицијата во Дубаи откако властите побараа пристап до нивните телефони“, соопшти организацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хутите размислуваат за затворање на стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб

Во последните денови, светските медиуми објавија за апсењето на околу 20 странски државјани во Дубаи кои беа обвинети за сајбер криминал затоа што објавиле и споделиле снимки и фотографии поврзани со иранските напади врз Емиратите.

Меѓу нив е и 60-годишен маж од Велика Британија кој го посетил Дубаи како турист, а бил обвинет според законот што забранува споделување материјал што може да наштети на јавната безбедност.

Иако ограничувањата за снимање напади за време на конфликт не се невообичаени низ целиот свет, случајот привлече внимание поради репутацијата на ОАЕ како магнет за влијателни лица чиишто приходи зависат од постојано снимање и објавување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди: Го уништивме авионот на Хамнеи

И покрај законот, видеата од неодамнешните ирански напади се широко распространети на социјалните медиуми.