ЖРК Куманово игра осминафинале во Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 15 часот на гостински терен играат осминафинален натпревар од Купот на Македонија за дами.

За противник го имаат составот на скопски ЖРК Шампион.

Тимот на Куманово се натпреварува во Супер женската лига, каде е на петтата позиција во табелата, додека ЖРК Шампион е на последната позиција во понискиот ранг натпреварувања наречен Прва женска лига каде нема ниту една победа.

Со тоа кумановки влегуваат како апсолутен фаворит во мечот, кој ќе биде мост за влез во четвртфинале од Купот на Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Сите кои трпат насилство, да се охрабрат и веднаш да пријават во СВР Куманово“