Пешак тешко повреден во центарот на Куманово откако во него удрило „рено“

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и четиригодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило „рено“ управувавано од 46-годишник.

– На 12.03.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(46) од Куманово, удрило во пешакот Ж.М.(74) од с.Романовце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што потенцираат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.

– Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончево и со пролетни температури

Никола Ивановски