Избран сувенирот на Општина Куманово за 2025 година

Сподели со своите пријатели

Креативното уметничко дело на авторот Стојан Трајковиќ со мотив „Куманово – град на традицијата и единство“ е избрано за сувенир на Општина Куманово за 2025 година.

Одлуката ја донесе Комисијата за избор на сувенир, по разгледување на пристигнатите трудови на објавениот конкурс.

Избраниот сувенир е дизајниран на начин што овозможува негово масовно производство, со цел да се користи за промоција на градот и неговите препознатливи вредности пред домашната и меѓународната јавност.

На конкурсот за избор на сувенир учествуваа девет автори со свои креативни решенија.

Делата содржеа различни елементи кои ја отсликуваат традицијата, културно-историското наследство, духовните и материјалните вредности, како и природните богатства на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронајден починат во Биљановце

Комисијата при изборот ги земала предвид уметничката вредност, оригиналноста и можноста сувенирот да биде препознатлив симбол на градот.

Никола Ивановски