Бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓаните и посетителите на Куманово отсега можат бесплатно да користат интернет на градскиот плоштад, каде што е поставена нова јавна Wi-Fi мрежа.

Мрежата е поставена во рамките на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се реализира преку Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ) како дел од проектот EU4Digital.

 

 

Со проектот, Општина Куманово доби сеопфатен пакет што вклучува опрема, инсталација, поврзување и одржување на Wi-Fi мрежата.

Со тоа се обезбедува непосреден пристап до бесплатен интернет за граѓаните, но и долгорочна одржливост на системот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово се засили со двајца ракометари од Египет

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ државите од Западен Балкан.

 

 

Куманово е една од општините што добива WiFi4WB мрежа по примерот на европската програма WiFi4EU, преку која досега се обезбедени бесплатни Wi-Fi точки на повеќе од 7.000 локации во земјите членки на Европската Унија.

Од Општина Куманово информираат дека со ваквите проекти продолжуваат да ги унапредуваат јавните услуги за граѓаните и да ја зајакнуваат дигиталната поврзаност на локалната заедница.

Никола Ивановски