Австралија ги затвора амбасадите во Израел и ОАЕ

Сподели со своите пријатели

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг денес изјави дека Канбера ги затворила амбасадите во Обединетите Арапски Емирати и Израел, како и конзулатот во Дубаи, поради стравувања дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да се засили.

Пени Вонг изјави дека девет градови каде што се наоѓаат австралиските амбасади и конзулати биле изложени на ракетни напади и напади со беспилотни летала.

– Нападите на Иран продолжуваат на невидено ниво. Конфликтот веројатно ќе се засили и ќе продолжи, изјави Пени Вонг пред парламентот.

Повеќе од 3.200 Австралијанци се вратија од Блискиот Исток, каде што сега се наоѓаат околу 115.000 австралиски државјани, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емиратите порачаа: Одговараме на иранските напади (ВИДЕО)