Полицаец од Куманово примил поткуп за да не крене возило со „пајак“

Сподели со своите пријатели

Полициски службеник од Куманово ќе се гони за примање поткуп за да не крене непрописно паркирано возило со пајак службата.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што додаваат од МВР, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и  примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил  да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја повеќе локации во Куманово

– Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување  од работното место, стои во соопштението.

Никола Ивановски