Приведен кумановец за доиздржување затворска казна за разбојништво

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведен за доиздржување затворска казна за кривично дело „разбојништво“.

– На 06.03.2026 во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ф.Ј.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил осуден на пет години затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната.

– Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец починал во декември, сестра му сега се сомнева дека бил отруен

Никола Ивановски