Иранската војска тврди дека погодила американски танкер во Персискиот Залив

Сподели со своите пријатели

Иранскиот карпус на револуционерната гарда (ИРГК) објави дека нивната морнарица утрово соборила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив.

Во соопштението за медиумите, тие наведуваат дека воените и трговските бродови на Соединетите Американски Држави, Израел и европските земји што ги поддржуваат „нема да можат да поминат“ низ таа област.

Закана за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец

„Ако ги забележиме, сигурно ќе бидат погодени“, соопшти ИРГК.

Тие додадоа дека Иран претходно предупредил дека има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец во време на војна.

„Веќе рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец во време на војна“, објави ИРГК, според иранската агенција Тасним.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Започна 19-тиот бран операции, силните експлозии продолжуваат (ВИДЕО)