Советот на Општина Куманово со препораки до УЈП за проблемот со двојно оданочување

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница изгласа низа препораки до Управата за јавни приходи за проблемот со двојно оданочување кое го имаат печалбарите од Ирак и Авганистан.

Со оглед дека Советот нема ингеренции во работењето на УЈП и даночниот систем на државата, тие упатија само препорака, која официјално ќе излезе и во Службен весник.

Меѓу другото, Советот препорача да се воспостави ефективна и ефикасна соработка со странски институции и фирми каде што работеле државјаните на Македонија во зоните во Ирак и Авганистан, со цел обезбедување точни и сигурни податоци што ќе овозможат правично утврдување на евентуалната даночна обврска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По 22 години за прв пат зголемени цените за градинка во Куманово

Да се изврши проверка на постојните меѓународни договори и можни даночни ослободувања кои би се однесувале на на нашите сограѓани кои работеле во воените зони во Ирак и Авганистан, со цел да се утврди дали постојат основи за евентуални даночни ослободувања  или спречување на двојно одданочување

Да се обезбеди навремено и тековно известување на сите засегнати граѓани а утврдените факти за постоење или непостоење на даночна обврска, пред изготвување на конечни решенија за задолжување.

Во случај на утврдување на даночна обврска, да се овозможи разумен рок за плаќање на ПДД, вклучително и можност за плаќање на на рати без пресметување на камата, имајќи го предвид подолгиот временски период од настанувањето на даночната обврска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По 22 години за прв пат зголемени цените за градинка во Куманово

–  Советот им препорачува на сите засегнати граѓани да и покрај нашите политички заложби и препораки да ги искористат сите правни средства предвидени со закон доколку сметаат дека е потребно и летимно за заштита на нивните права, стои во препораката изгласана на седницата.

Никола Ивановски