Започнува отстранување на асфалтот од „Моша Пијаде“, продолжува реконструкција

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на дел од улицата „Моша Пијаде“ во Куманово во наредниот период ќе биде отежнат поради започнување на градежни активности за изградба на атмосферска канализација и реконструкција на улицата.

Според најавите, наскоро ќе се врши отстранување на постојната асфалтна конструкција и ивичниците по целата ширина на коловозот, поради што пристапот за возила на потегот од улицата „100“ до кружниот тек ќе биде значително ограничен сè до нормализирање на состојбата.

Паралелно, за потребите на проектот, неизградените парцели на делот од ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ до кружниот тек ќе се користат за привремено складирање на градежен материјал, како цевки и ивичници. Пред тоа, ќе се изврши нивно уредување и стабилизација со локален материјал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре го пречекува Пелистер

По завршување на работите, изведувачот има обврска да ги врати парцелите во првобитна состојба.

Проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт на Република Северна Македонија, а целта е подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Никола Ивановски