Кумановецот Брзи со македонско-италијанска песна „BABAYAGA“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот артист Валентино Милорадовски – Брзи го претстави својот најнов музички проект „BABAYAGA“, овојпат во интернационална соработка со италијанскиот артист Goliath.

Станува збор за македонско-италијанска песна која носи модерен урбан звук и силна енергија.

Музиката, аранжманот и битот се дело на Sonny Maestro, кој го обликува целокупниот звук на песната, додека текстот е заедничка креација на Брзи и Goliath.

За финалниот аудио квалитет е заслужен eReNden, кој стои зад миксот и мастерингот.

Покрај аудио сегментот, „BABAYAGA“ добива и силна визуелна поддршка. Видеото е режирано, снимано и монтирано од Filippo Marullo, носејќи модерен и динамичен стил што совршено се вклопува со атмосферата на песната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали кошмарите можат да предупредуваат на болест?

Песната може да ја слушнете во продолжение: