Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се набавени 120 нови полициски возила наменети за униформираната полиција, со што значително се подобрува мобилноста и ефикасноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

 

 

Тој нагласи дека станува збор за успешно реализиран проект и упати честитки до сите вклучени во процесот на набавка, посочувајќи ја важноста на континуираната поддршка на вакви проекти од страна на Владата.

 

 

„Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за еве успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она коешто за мене е многу важно, е што, се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: СДСМ губи членство поради затвореност и деструктивен наратив, ЗНАМ расте со отвореност и резултати

 

 

Мицкоски потенцираше дека безбедноста, како и борбата против криминалот и корупцијата, остануваат врвен приоритет на Владата, при што Министерството за внатрешни работи има клучна улога во тој процес.

 

 

„Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме ваков тип на проекти, затоа што цениме дека безбедноста и би рекол расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес.“

 

 

Во своето обраќање, премиерот упати и порака дека посакува новите возила да се користат што е можно помалку, што, како што рече, би значело помалку криминал во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: СДСМ губи членство поради затвореност и деструктивен наратив, ЗНАМ расте со отвореност и резултати

 

 

„Така што, уште еднаш еве да им честитам, да им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние коишто го водат Министерството, на сите оние единици коишто учествуваат во овој проект и да посакаме, вака условно кажано, што помалку да се користат, тоа значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски